Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска најави тридневен карантин во најголемиот град Окланд откако се откриени три нови случаи на Ковид-19.
Ардерн најави трето ниво на рестриктивни мерки односно граѓаните да останат во своите домови освен за есенцијалните службеници и трговијата. Тоа се сличини мерки што беа во сила минатата година за справување со Ковид-19.
На Нов Зеланд повеќе месеци не беа регистрирани новозаболени лица. Во анализата со која беа опфатени сто држави, Нов Зелан беше на прво место, како најдобро рангирана во одбрана од заразата.