Грчкиот остров Крит денеска го погоди нов земјотрес со јачина од 4,5 степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил во 8:15 часот по локално време, на длабочина од околу 20 километри, а засега нема податоци за можни штети или жртви.

Ова е втор силен земјотрес што го погоди Крит во последните три дена.

Претходниот беше во петокот, со јачина од 5,4 степени.