Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди источниот дел од Турција.
Според последните податоци на ЕМСЦ земјотресот се случил во 16:15 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од два километра во близина на Адијаман.
За сега нема информации за нови жртви, а не е познато и дали овој земјотрес предизвикал нови оштетувања иако целиот тој регион е скоро срамен со земја.
Потсетуваме дека два земјотреси пред десетина дена буквално го претворија град на мртовци регионот од овој дел на Турција со над 40 илјади загинати до овој момент.