Благодарение на софистициран софтвер за следење и определување на цените на деловите за возилата, автомобилската индустрија само во последната деценија ги зголемила приходите за една милијарда долари.
Според документи до кои дошол францускиот информативен портал „Медиапарт“, станува збор за софтвер на комапнијата „Аксентур“ наречен „Партнео“, кој им овозможува на производителите на возила да идентификуваат за кои автоделови купувачите се подготвени да платат повеќе, за колку би можеле да ги зголемат цените, но и кои делови треба да бидат поевтини бидејќи постои мониторинг од разни регулаторни тела и осигурителни компании.
Овој софтвер наводно го користат „Рено“, „Јагуар“ и групацијата „Пежо-Ситроен“ (ПСА), а за неговото постоење пред неколку години биле информирани и „Хонда“, „Мицибуши“, „Волво“ и Бе-Ем-Ве.
Во презентацијата што „Аксентур“ му ја доставил на Бе-Ем-Ве во 2013 година се наведува дека софтверот им овозможува на клиентите „зголемување на цените за автоделовите во просек за 15 отсто“. Во презенатции за шест компании, меѓу кои и за „Хонда“, „Волво“ и ПСА, „Аксентур“ препорачува дека цените на поголемиот број автоделови треба двојно да се зголемат, наведува „Медипарт“.
Во препораките до „Мицибуши“ се наведува дека цената на еден дел треба да се зголеми за 507 отсто од 14,42 на 87,49 евра, додека во документите доставени до „Волво“, „Аксентур“ тврди дека користењето на нејзиниот софтер на седум автопроизводители им овозможило зголемување на приходите за 415 милиони долари.
„Аксентур“ тврди и дека софтверот „не е нечесен кон сопствениците на возила“, туку дека фокусот го става на „зголемување на ефикасноста на работењето“.
Шведскиот автогигант „Волво“ тврди дека никогаш не го користел софтверот, Бе-Ем-Ве соопшти деке „не донел одлука за примена на „Партнео““, додека претставниците на „Хонда“ не сакале да го коментираат случајот.