Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија за последните случувања во грчката Влада коментира дека станува збор за режирана разделба на Ципрас и Каменос, „претстава што има за цел ратификација на Договорот од Преспа, останување на СИРИЗА на власт и задржување на фотелјите од страна на Каменос и неговите пратеници”, јави МИА од Атина.
– Затоа всушност и господинот Каменос му позајмува на господинот Ципрас двајца пратеници за да му дадат глас за доверба, без да ги избрише од пратеничката група на Независни Грци. Оваа невкусна и штетна претстава треба да заврши. На гласањето за доверба на Владата, секој пратеник што ќе го поддржи господинот Ципрас, презема одговорност пред историјата, соопштуваат од Нова демократија.