Постојат структурни проблеми поврзани со новото комбинирано име на Македонија, изјави попладнево Марија Спираки, портпаролка на Нова демократија и притоа повторно ја нападна владата.

Во изјава за Радио Скај рече: „Ципрас на највисоко ниво преговара договор со ПЈР Македонија без за тоа да има мнозинска парламентарна поддршка и зад тоа да стои Владата. Во овој случај има структурен проблем. Што Ципрас преговара? Што Коѕијас преговара? Министерот Коѕијас преговара во име на влада од која нема поддршка од сите нејзини членови“.

Тоа што се случува, значи, е што премиерот и министерот за надворешни работи преговараат како партиски претставници, а не како претставници на Владата. Ципрас нема мнозинство кое го поддржува во постигнување каков било договор. За нас ова е прашање од голема важност“, изјави Спираки.

Таа смета дека како што сега се поставени работите, Грција нема напредно оружје за да обезбеди ветувачка иднина во насока на однесување на Македонија.

Спираки беше мошне критична и околу прашањето со признавањето на македонскиот јазик.

Таа вели дека е многу подобро првин да се постигне внатрешен консензус, а потоа да се преговара. „Владата преговара со цел да ја искористи својата позиција и да создаде внатрешен проблем на сметка на главната опозиција“, истакна Спираки.

Како дополнителна критика таа наведе дека „од новинари разбравме оти министерот Никос Коѕијас вечерва на јавниот сервис ќе одговара на прашања“.