Јавниот ТВ-сервис на Грција, ЕРТ, денеска се извини затоа што наместо главите вести, синоќа го емитуваше собирот на владејачката партија СИРИЗА.
На собирот, грчкиот премиер Алексис Ципрас ја претстави партиска програма за следните четири години пред предвремените парламентарни избори закажани за 7-ми јули.
Опозициската Нова демократија, која, според анкетите, ќе победи на изборите, оцени дека постапката на ЕРТ е „брука за новинарството”.
Раководството на ЕРТ потоа призна оти наптавило грешка што го пренело во целост говорот на премиерот на митинг на СИРИЗА, наместо вестите.
ЕРТ објави дека во иднина, како и обично пред избори, само вовестите ќе известува за сите говори на политичките лидери и „изрази жалење поради својата проценка” за митингот на СИРИЗА.
Затоа, објави ЕРТ, телевизиските гледачи минатата ноќ ги негираа “другите вести од денот, вклучувајќи ја и веста за распаѓањето на Парламентот (Грција) и објавувањето на (предвремени) избори”.
„Тоа беше грешка поради која управата на ЕРТ жали”, стои на крајот на соопштението на грчкиот телевизиски јавен сервис.