Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција соопшти дека партијата се обрврзува дека ќе овозможи енергетска обнова на домовите на граѓаните. Секое семејство да дојде до нова фасада и прозорци на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50% е на трошок од државата.
-Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и прозорци на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50% е на трошок од државата. Фактичката состојба покажува дека многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, а нивната обнова чини пари. Затоа се обрзувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасни оков во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина. Тоа за граѓаните ќе значи топол дом на зима, и ладен на лето и секако пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети и повеќе пари во семејствата, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека партијата во новиот мандат што верува дека ќе го добие на 12 април годинава, ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата.
-Ова значи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи до 50 % субвенции на граѓаните за набавка на енергетски ефикасна опрема: сончеви колектори (фотоволтажни и термални, топлински пумпи, приклучок кон топлификациски системи) со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина.