Германската компанија ОДВ Електрик која работи во ТИРЗ Охрид/Струга, почнува со реализација на нова инвестиција проценета на 5 милиони евра.
Ова е втора фаза од реализација на инвестицијата во Македонија, што е почната во време на претходната Влада, со која германската компанија двојно ќе го зголеми производствениот капацитет.
Досега има инвестирано 4,5 милиони евра и вработува 310 лица. Во капацитетот во ТИРЗ Охрид/Струга произведува електрични инсталации за познати автомобилски брендови.
Втората фаза на реализација ќе ја објават денеска во Владата вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски.