Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека денеска почнува со градба ветерниот парк на Алказар Енерџи од збор до дело за една година.

– 500 милиони евра најголема инвестиција досега за чиста енергија за 100.000 домаќинства. За енергетска независност, за подобра иднина за сите. Градиме темели на промените. Доаѓа времето на Македонија, стои во објавата на премиерот на Фејсбук.

Ветерниот парк, кој е најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари.

Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.

Во близина на Штип денеска ќе биде поставен камен-темелник на Ветерниот парк, што ќе го гради компанијата „Алказар енерџи“, инвестиција вредна над 500 милиони долари што треба да отвори 630 нови работни места.

На почетокот на изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија, ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски и ко-основачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон.

Ветерниот парк, кој е најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари.

Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.

Реализацијата на проектот, како што истакнуваат од „Алказар енерџи“, ќе донесе бројни придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните, создава трајна вредност за државата и отвора голем потенцијал за понатамошен развој. Ветерниот арк претставува и значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Фото: принтскрин