Европскиот парламент не го усвои амандманот на Резолуцијата за Македонија на социјалистите и зелените со кој се осудуваше реториката на Бугарија кон земјава за историските прашања. Тоа ги израдува бугарските европратеници кои го нарекоа тоа спречување на најлошото за Бугарија. Пред гласањето за амандманите тие не штедеа зборови на сметка на Македонија.
„Прекршено е правото на повеќе од 130.000 граѓани кои имаат бугарски корени во Северна Македонија. Односно бугарската заедница која го создавала мнозинството пред Тито да дојде на власт“, тврди европратеникот Андреј Ковачев.
„Тие исто продолжуваат и со фалсификат на бугарското културно наследство. Г-дине Ќучук, г-дине Вархеи тоа е криминал, не се спорови за историјата. Јазикот кој го зборуваат не е македонски, тоа е јазик на омраза“, отиде уште подалеку Александар Александров Јорданов.
Освен амандманот за несоодветното бугарско однесување, беше отфрлен и амандманот со кој се осудува земјава дека не признава постоење на бугарско малцинство, но поминаа два амандмани поднесени од германски европратеник Михаел Галер, во име на групата на Народни партии, во кои се изразува жалење што земјава не ги спроведува досегашните препораки за недискриминација на граѓаните кои се декларираат како Бугари, а се бара и преземање соодветни мерки за надминување на поделбите меѓу етнички групи, вклучително и со граѓаните со бугарски идентитет.
Пред дебатата на европратениците во кој дел од нив блокадата од Бугарија ја нарекоа неодговорност и ја повикаа да ја повлече, беше презентирана резолуцијата за Макеоднија од известувачот за земјава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Тој притоа побара реформите да продолжат.
„Во одредени области како што се борбата против корупцијата и организираниот криманал, слободата на изразувањето, потребни се уште реформи“, рече Ќучук.
Тоа, вели Ќучук, е обврска и на власта и на опозицијата, повикувајќи ги политичките партии да останат констрктивни и да се воздржат од националистичка и потпалувачка реторика.
Слична порака за реформите и полиитчките партии стигна и од еврокомесарот, Оливер Вархеи, а двајцата беа на иста лиија и по прашањето на блокадата од Бугарија.
„Во ваков клучен момент ги охрабрувам и Скопје и Софија да ги удвојат напорите да најдат вземно прифатливо решени за отворените прашања. Би сакал да ги охрабрам сите страни да дејствуваат на конструктивен начин и да се воздражат од сите изјави и активности кои можат да ги поткопаат пошироките интереси на ЕУ“, рече Вархеи.
Вархеи изрази надеж дека уште за време на португалското претседателство Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, додека Ќучук порача дека блокирањето на преговарачкиот процес не е во ничиј интерес.
Пос ето ова, на Никола Димитров не му остана ништо друго освен да го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република… Македонија, но изрази жалење што не помина амандманот на зелените и доцијалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава.