За откажување од ветото на Бугарија за Македонија во ЕУ, Франција ги прифати сите барања на Бугарија во однос на Македонија со тн. Француски предлог, но и тоа не е доволно за Софија каде од печат излезе книга која жестоко ги напаѓа Франција и претседателот Емануел Макрон.

Авторот на книгата „Франција и македонското прашање“ Никола Григоров во овој политички памфлет пишува за Македонија на 800 страни и тврди дека официјален Париз повеќе од 70 години помагал во „уништувањата на Бугарите во Македонија“.

Григоров тврди дека Макрон е бугаромрзец, а Франција го подржувала геноцидот над бугарите во Македонија…

Цената на книгата, како што објави Експрес, е 35 лева или околу 17 евра.