Во поморска несреќа што се случи во Заливот Бока Которска, во близина на Луштице, едно лице загина, а повеќемина се повредени.
Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан.
Тој додаде дека во тек е акција за спасување на повредените лица. Во спасувачката вклучен е и хеликоптер.
Тоа е втора несреќа на море за една недела.
Минатата недела во Улцињ загинаа мајка и син, државјани на Словенија. Несреќата се случи кога „банана“ закачена за скутер, на која се наоѓаа четири лица удри во брод кој превезуваше туристи. Ќерката и таткото не беа повредени во несреќата.