Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) уште еднаш ја осуди Полска за реформата на нејзиниот правосуден систем и побара од Варшава брзо да го реши недостатокот на независност на нејзиниот Национален судски совет, јави дописникот на МИА.

Седумте судии од ЕСЧП кои го разгледуваа овој случај едногласно оценија дека Полска го прекршила членот од Европската конвенција за човекови права кој го штити правото на правично судење. Судското тело на Советот на Европа беше свикано да се изјасни од двајца судии, обвинувајќи го неговиот недостаток на непристрасност и независност во Советот за вонредна контрола и јавни работи на полскиот Врховен суд.

Ова е еден од двата нови совети создадени кои се контроверзни во Полска за назначувањето на судиите кои ги составуваат извршната и законодавната власт. Овие двајца апликанти се пријавија за судски места, но не беа препорачани и нивните жалби до Врховниот суд беа одбиени во 2019 година.

Така, ЕСЧП утврди дека „постапката за назначување судии била под несоодветно влијание на законодавната и извршната власт“ и дека како последица „ова е фундаментална неправилност која го поткопа целиот процес“ .

– Според тоа, Советот за вонредна контрола и јавни работи не беше независен и непристрасен трибунал основан со закон во смисла на Европската конвенција, одлучи судот од Стразбур, барајќи од Полска „да преземе брзи мерки за да го реши ова прашање на недостаток на независност“.

На Варшава и е наложено да плати по 15.000 евра на секој апликант за нематеријална штета. Овој случај „е една од 57-те жалби против Полска, поднесени во 2018-2021 година, а се однесуваат на различни аспекти на реорганизацијата на полскиот судски систем започната во 2017 година“, потенцира ЕСЧП.