Напаѓач пукал во полн ноќен клуб во Хјустон во понеделникот рано наутро, пред да биде убиен од заменик-шерифот кој не бил на должност.
Тој работел како чувар во клубот.
– Напаѓачот започнал да пука во клубот „Кле“ во понеделникот во 01.21 часот, по што бил застрелан од заменик-шерифот на округот Харис, изјави началникот на полицијата Трој Финер.
Во пукањето загина уште едно лице, а две се ранети, од кои едното е во критична состојба, пренесе „Дејли меил“.
Полицијата во Хјустон синоќа потврди дека заменикот го убил напаѓачот, но не е познато кој ги погодил преостанатите три лица. „Сигурно е дека тоа не бил заменикот“, соопшти полицијата.
Двете лица кои биле повредени се пренесени во болница, едното во критична состојба, а другото било пуштено на домашно лекување откако му е санирана раната на ногата.