Луѓето најверојатно можат да живеат до 130 -годишна возраст, а можеби и значително повеќе, но веројатноста за таква длабока старост засега е многу мала, покажуваат нови научни истражувања.
Горната граница на човечкиот живот е предмет на бројни истражувања и дискусии.
Една студија, заснована на медицински податоци од повеќе од 500.000 доброволци, објавена во јуни годинава во списанието „Nature Communications“, покажа дека горната граница на човечката возраст може да биде некаде помеѓу 120 и 150 години.
Но, некои научници веруваат дека не постои теоретска граница за времетраењето на човечкиот живот.
Нова студија, објавена во списанието Royal Society Open Science, анализирала податоци од „суперстогодишници“ односно луѓе постари од 110 години и податоци од „полу-суперстогодишници“, кои доживеале 105 години.
Ризикот од смрт обично се зголемува со возраста. Сепак, авторите на новата студија откриле дека престанува да расте по одредена возраст и запира со веројатност дека едно лице ќе умре наредната година, за што шанисте се 50 наспроти 50.
„Човек кој има 110 години може да замисли дека веројатноста да живее уште една година е слична како кога фрлате паричка“, изјави Ентони Дејвисон, професор по статистика на Швајцарскиот сојузен технолошки институт во Лозана (ЕПФЛ), кој го водел истражувањето.
„Ако падне на глава, тогаш ќе го дочекате следниот роденден, а ако не, тогаш ќе умрете во одреден момент следната година“, додава тој.
Врз основа на досегашните податоци, се чини дека луѓето можат да доживеат најмалку 130 години, но екстраполацијата од наодите имплицира дека не постои граница за човечкиот животен век, заклучува студијата.
Ваквите заклучоци одговараат на слични статистички анализи направени врз групи податоци за многу постари луѓе.
„Но, оваа студија ги зајакнува тие заклучоци и ги прави попрецизни, бидејќи сега има повеќе податоци“, вели Дејвисон.
Во својата студија, тимот анализирал две групи податоци.
Едната била собрана од базата на International Database on Longevity која содржи податоци за повеќе од 1.100 „суперстогодишници“ од 13 земји.
Втората доаѓа од Италија и содржи податоци за сите лица кои живееле најмалку 105 години во периодот од јануари 2009 до декември 2015 година.
“Успеавме да докажеме дека ако постои ограничување на очекуваниот животен век под 130 години, досега ќе можевме да го откриеме користејќи ги достапните податоци “, рече Дејвисон.
Но, експертите истакнуваат дека само затоа што луѓето теоретски можат да живеат до 130 години или повеќе, не значи дека тоа ќе се случува често. Еден во милион.
Имено, дури и ако некој живее до 110 години, неговите шанси да достигне 130 ќе бидат околу еден во милион. Не е невозможно, но многу е малку веројатно.
Дејвисон верува дека ќе можеме да видиме луѓе кои живееле до 130 години веќе во овој век. Како што расте бројот на стогодишници, така се зголемува веројатноста некој од нив да доживее толку длабока старост. Сепак, тој верува дека, без голем напредок во медицината и општеството воопшто, луѓето над 130 години сепак ќе останат реткост.
Досега, најстарата евидентирана личност е Французинката Џеан Калмент, која почина во 1997 година на возраст од 122 години. Во моментов, најстарата жива личност во светот е Јапонката Кејн Танака, која има 118 години.