Месечината е повторно во фокусот на новата вселенска трка со планови на бројни вселенски агенции кои сакаат луѓе да испратат на земјиниот приорден сателит.
Руски Роскосмос објави дека нивниот план за изградба на лунарна колонија е до 2040 година. На тоа веднаш реагираа од НАСА кои сметаат дека во следните 10 години сакаат да имаат постојано присуство околу Месечината.
Руската вселенска агенција објави соопштение во кое наведе дека база на Месечината им е главен приоритет особено откако се откриени подрачја што се погодни за изградба на таква база.
Тие сакаат изградба на колонија во неколку фази. Прво ќе лансираат орбитална станица, а потоа мисија со луѓе на површината и подоцна градење база.
Американците пред неколку дена успешно спуштија нова сонда на Марс и потоа зборуваат за планови за мисија на Марс. Но, пред Марс, сакаат на Месечината што ќе биде почеток за целиот проект.
Директорот на НАСА Џим Бриденштајн зборуваше за планови кои вклучуваат станица која ја нарекуваат Месечинска порта. Тоа ќе биде станица во орбитата на Месечината на која ќе има човечки екипаж и од каде ќе се лансираат летала што ќе може да се спуштат на површината на Месечината.