Откако стана познато дека германската манекенка Никол Потуралски е новата девојка на Бред Пит, јавноста го следи секој нејзин чекор. За само неколку дена, таа собра илјадници нови обожаватели на Инстаграм. Никол се чини дека ужива во популарноста, бидејќи објавува нови фотографии на социјалните мрежи скоро секој ден.
Многумина ја споредуваат убавата манекенка со Ирина Шајк, но и со поранешната сопруга на Бред, актерката Анџелина Џоли.
На последните фотографии Никол позира во сиво кратко сако и црн топ, а на лицето има многу малку шминка. Британските медиуми пишуваат дека на последните фотографии, моделот неверојатно потсетува на Анџелина.
„Никол Потуралски е плукана слика на Анџелина Џоли“, пишува „Сан“, додавајќи дека Бред очигледно пронашол само понов модел.