Новата јапонска императорска ера, што ќе почне на 1 мај, кога претстолонаследникот Нарухито ќе стане цар, ќе се вика Реива, објави јапонската влада денеска. Премиерот Шинѕо Абе рече дека името ги нагласува традиционалните вредности на пресвртницата на јапонската историја.

Нарухито ќе седне на престолот ден по 30 април, откако неговиот татко Акихито ќе абдицира, што ќе стави крај на ерата Хеисеи, што започна во 1989 година.

Реива означува ред и хармонија.

Јапонија е единствената земја во светот која сè уште користи императорски календар. Во поголемиот дел од светот е 2019 година, но во Јапонија е Хеисеи 31, односно 31. година од владеењето на Акихито.
Од воспоставувањето на таков систем за броење во седмиот век, Јапонија имала речиси 250 ери.