Поради појавата на нови случаи на коронавирусот заштитните мерки во главниот град на Кина се натамошно заострени. Властите прогласија втор највисок степен на тревога. Откажани се најмалку 1250 летови.
По појавата на нови кластери на заразени од коронавирусот, ситуацијата во Пекинг останува напрегната. Како што јави здравствената комисија на Пекинг, во градот биле регистрираби уште 31 инфицирано лице.
Со тоа од четвртокот наваму веќе се потврдени 137 нови случаи на Ковид-19 во 20-милионската метропола. Претходно,повеќе од два месеца, во Пекинг немаше заразени од коронавирусот.
Во цела Кина пак во последните 24 часа се потврдени 44 нови случаи. Во оваа бројка се вклучени и случаите од Пекиннг. 11 од новоинфицираните се патници, кои се вратиле во Кина од странство.