После еден месец штрајк против пензиската реформа, „жолтите елеци“ и синдикатите повторно заеднички демонстрираат во главниот град на Франција, јави дописникот на МИА.
Оваа сабота, неколку илјади демонстранти (синдикалисти, студенти, болничари, наставници или „жолти елеци“) се собраа на Железничката станица Лион, за да демонстрираат повторно против пензиската реформа. Се очекува во попладневните часови демонстрантите да стигнат до Источната железничка станица.
Според новинарите присутни на теренот „жолти елеци“ биле во предниот дел на поворката, која заминала во раните попладневни часови.
Меѓу видените слогани: „Сите заедно ќе победиме, не на назадувањето“, „Блак рок е одликувана е украсена додека жолтите елеци се тепаат“, „Подобро е штрајк отколку пензија во беда “ или „Макрон бриши, заедно со твојата реформа “. Еден човек маскиран како „непокорлив гал “ исто така беше во поворката.
Некои од учесниците во поворката, а кои работат во париското метро или железницата објаснуваат дека штрајкува и за оние кои „не можат да си го дозволат тоа“.
-Знаеме дека има многу Французи кои не можат да си дозволат да излезат на штрајк. Социјалното движење е направено и за нив, затоа што во нашите семејства нема само агенти на РАТП и вработени во јавниот сектор, има луѓе и од приватниот сектор “, објаснуваат тием велејќи:„ Ние нема да се откажеме сè додека владата не сака да седне на маса “.
Откако поворката пристигна на Плоштадот де ла Бастилја, се појавија извесни тензии. Проектили беа лансирани врз припадниците на безбедносните сили, кои одговорија со солзавец. Имобилизирани неколку минути, демонстрантите потоа го продолжија патот, кон Плоштадот де Ла Републик.
Неколку гранати со солзавец беа повторно испукани на плоштадот на Ла Републик, на кој демонстрантите пристигнаа околу 3 часот попладне. Процесијата запре пред статуата на Републиката, пеејќи „И ние ќе одиме се до повлекување/пензија“.