СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот, пишува Би-Би-Си.
Британскиот, индискиот и останатите соеви отсега ќе бидат именувани според буквите од грчката азбука. Така британскиот вид, на пример, е наречен Алфа, додека јужноафриканскиот стана Бета. Индискиот сега е Делта.
СЗО објаснува дека ова ќе го поедностави именувањето на новите соеви, но, исто така, сака да ја отстрани стигматизацијата од некои имиња. Така, на пример, на почетокот на овој месец индиската Влада го критикуваше именувањето на видот Б.1.617,2 според државата, откако, имено, тој стана индиски вид.
СЗО сака да избегне вирусот да биде поврзан со одредена држава, што беше случај досега.
„Ниту една земја не смее да биде жигосана затоа што детекрирала и објавила податоци за соевите“, на Твитер порача Марија Ван Керхове од СЗО.