Индиски и пакистански војници повторно меѓусебно гранатираа воени позиции и села долж границата во Кашмир. Војските на Индија и пакистан се обвинија една друга за започнување артилериски напади и оган од малокалибарско оружје.

Засега нема информации за евентуални жртви.

Тензиите ескалираа откако Индија спроведе воздушни напади врз наводен терористички камп на групата Џаиш-е-Мохамед во регионот Балакот во Пакистан. Бомбардирањето следуваше само неколку дена откако терористичката група ја презеде одговорноста за убиството на 40 индиски војници во самоубиствен напад во Кашмир. Еден ден подоцна, Пакистан соопшти дека го соборил два индиски воени авиони во знак на одмазда и зароби еден пилот, кој подоцна беше ослободен.

Индија и Пакистан досега војуваа четири пати поради спорниот регион Кашмир, каде мнозинството од жителите се муслимани, но е поделен меѓу двете држави.