Новите Дијаграм чанти на италијанскиот бренд Прада, во металик нијанси, се идеален моден додаток и за преку ден и за навечер. Во понудата има три бои – металик сина („Перивинкл Блу Мордоре”), металик златна, и сребрена.

Овие чантички изгледаат мали но се доста компактни за сите дребулии што и се потребни на една жена. Изработени се од мека напа кожа, а за комплетно добар и силен впечаток, тука е и каишката на откачување, којашто овозможува чантата да ја носите и преку рамо и в рака.

Цената на една чанта е околу 1.183 долари.