Формирањето на војска на Косово најавено за денеска официјален Белград го смета за кршење на меѓународни документи и повикувајќи се на Резолуцијата 1244 на ОН, нагласува дека меѓународните мировни сили на Косово мора да спречат и да разоружаатсите албански фомации. Властите во Пришина тој чин го нарекуваат „достоинствен и горд за независноста и територијалниот интегритет на Косово“.
Состојбата во северниот дел на Косово, населен со мнозинско српско население, и покрај тензичната атмосфера што владее деновиве во пресрет на денешното гласање во Собранието за формирање војска на Косово, утрово е мирна и не се забележани никакви проблеми.
Портпаролот на Полицијата на Косово за северниот регион, Бесим Хоти, за порталот „Газета Експрес“ изјави дека полицијата си ги извршува своите редовни задачи и не очекува некакви проблеми.
– Ситуацијата е мирна. Не очекуваме да се случи нешто несакано. Полицијата си ги извршува своите задачи, изјави Хоти.
Северниот дел на поделениот косовски град Митровица, утрово осамна покриен со српски знамиња, во пресрет на денешното гласање во косовскиот Парламент за формирање војска на Косово.
Собраниската седница, на која ќе се гласа за законите со кои сегашните Безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во војска на Косово, е закажана за во 10 часот, а најавени се и неколку манифестации за прослава на тој
На мостот на реката Ибар, што ја дели Митровица на српски и албански дел, се распоредени голем број возила на Меѓународните сили во Косово (КФОР), како и припадници на косовската полиција