Новинар од Индонезија се вика Тито Босна, и поради името стана хит на Балканот.
Реакции има од луѓето од Босна, по што новинарот се огласил на Твитер и објасни како го добил името.
„Здраво, моето име е Тито Босна. Во поселдните неколку дена моето име доби големо внимание во медиумите посебно во Босна и Херцеговина. Мојот татко кој ми го дал името, бил голем обожавател на Тито. Ми го даде тоа име како оптимизам за Босна која за време на Југославија доживеала граѓанска војна, земја во која Тито бил премиер, а подоцна и пртеседател. Тоа е моето објаснување за оние кои дојдоа да ме прашат директно за моето име. Благодарам многу, честитки и почит за граѓаните на Босна и Херцеговина“, напишал новинарот на Твитер.