Зборено е со Заев, ќе биде македонски амбасадор во Скопје, иронично коментира новинарот на ТВ Алфа, Лазар Темелков за амбасадорскиот статус „ни на небо ни на земја“ на кандидатката на ДУИ, Теута Арифи.

Темелков на Фејсбук се шегува со овој познат израз што го користеа членови на СДСМ кога сакаа да собираат политички поени за некоја цел, кога Зоран Заев беше лидер на партијата и премиер на државата.

Социјалните мрежи се полни со револт, шеги и мајтапење со Арифи и одбивањето од повеќе држави да биде амбасадор од Македонија

Поранешната министерка, градоначалничка и висок функционер на ДУИ, Теута Арифи, стана најодбивана кандидатка за амбасадор во историјата на Македонија, дури и пред Љубомир Данаилов Фрчковски.

Тоа многумина го толкуваат како порака до лидерот на ДУИ Али Ахмети дека завршува меѓународната бланко поддршка за неговата партија.

еута