Новиот в.д. американски министер за правда Мат Витејкер е загрижувачки избор поради неколку причини.
Имено, Витејкер учествувал во измама во која фирмата во чиј Надзорен одбор седел, се обидувала на купувачи да им подметне ВЦ-школка за „надарени“ мажи во пределот на гениталиите и собирале пари во облик на бикоини, за наводно истражување на машина за патување низ времето.
Витејкер и неговата фирма тврделе тогаш дека патувањето низ времето „би било можно во следната деценија“, а својата измама ја нарекле Time travel X.
Toa го рекламирале како средство за инвестирање кое на вложувачите, односно наивните жртви, ќе им овозможи „да проживеат моменти од своето минато, или посета на својата иднина“.
Според Вашингтон пост, World Patent Maketing биле присилени да ја затворат фирмата по спогодба со Сојузната трговска комисија и притоа платиле 26 милиони долари заради обвинувања за измама на инвеститори. Весникот наведува дека Витејкер бил свесен за измамничките активности на својата фирма иако останал во НО до минатата година.