Министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот Фатмир Битиќи утре ќе седнат пред претставниците на синдикатите и се очекува да си подадат рака. Бесими во викенд интервјуто за МИА најави дека голема е веројатноста покачувањето да се пресметува според просечната плата и инфлацијата, односно слично на начинот на кој сега се пресметува зголемувањето на пензиите, а за различни служби ќе се утврди различен коефициент на сложеност. Моделот веројатно би почнал да важи од март 2025 година, а дотогаш ќе има транзициски период во кој ќе растат платите, но со која динамика ќе биде тоа, ќе треба да се договорат заедно со синдикатите.

Тој модел би требало доколку се согласиме да стапи на сила од март 2025 година. Значи сега ќе се воведе измената, но пресметките за тоа ќе бидат во март, а во меѓувреме ќе има транзициски период за оваа година до март 2025 како ќе оди динамиката на порастот на платите. Значи ќе има раст сега откако ќе се договориме. Ќе видиме кога тоа би се реализирало 2023-24 како транзицијата ќе тече. Институциите внатре, дали се медиуми, агенции, министерства, здравство, ќе имаат свои коефициенти по области. Во зависност од спецификите и приоритетите, така ќе се утврдува – вели Бесими во интервјуто.