Прва седница на новиот претседател, нови правила во Судскиот Совет. На членовите им требало конценрација, а од камерите немале услови за работа. Новоизбраниот претседател Сашко Георгиев на седницата во највисокото судско тело,  донесе нови правила за присуство на јавноста – сега само новинарите ќе пишуваат за случувањата од внатре, а единствен сведок за хаосаот на седниците ќе останат само досега снимените видео материјали.

Јавноста ќе остане тука присутна, а камерите, можеме да завршиме, и да ја напуштат седницата. Тоа е едногласна одлука од страна на колегиумот што го имавме. Сè во врска со работењето, условите за работењето, а воедно и за точката на дневен ред, каде што ќе дискутираме за поплаки и претставки од граѓаните во однос на работењето на судиите. Јавноста е присутна, но камерите, ве молам, ќе мора да нè оставите да работиме“, рече Георгиев.

Несогласувања повторно беа присутни. Разрешената претседателка Дамева, тврдеше дека не била консултирана за ваквата одлука која што членовите ја донеле на колегиум. Но по едногласната одлука, ниту таа не се противише седницата да продолжи без камери.

„Извинете, претседателе, јас не знаев дека има колегиум. Јас не бев повикана на колегиум, морам да реагирам. Меѓутоа, ако тоа е ваша едногласна одлука, во ред“, рече Дамева.

Со ова се прекина повеќегодишната пракса во Судскиот Совет на која без проблем во целост се снимаа седниците. Сега вели Георгиев може да снима една камера, што беше обид и на екс-претседателката Црвенковска, па материјалите да бидат доставени до сите редакции. Но, тоа не се реализираше бидејќи никој од Советот не се консултирале со МИА или јавниот сервис дали имаат услови за да го прават тоа.

Освен ова, телефони за време на седниците им се забранети на членовите на Советот. Наводно, дел од Советот редовно им давале информации на новинарите од битката која се води внатре помеѓу членовите, која беше видлива уште при разрешувањето на Дамева, а и назначувањето на Георгиев за нов претседател.

Со поставувањето на Дамева како прв човек на судското тело, во декември лани, Советот е постојано го привлекува вниманието на јавноста со караници, тензии, поделеност помеѓу членовите но и незаконски постапувања по што од навладиниот сектор бараа оставки од сите членови.