Португалската компанија која ќе стане мнозински сопственик на паневропската телевизија Еуроњуз има долгогодишни лични и професионални врски со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Таткото на извршниот директор на инвестициската компанија „Алпак капитал“ и поранешен пратеник во Европскиот парламент Марио Давид, е долгогодишен соработник и советник на Орбан.

Според договорот објавен на 17 декември, компанијата „Алпак капитал“ ќе купи 88 отсто од акциите на Еуроњуз од египетскиот милијардер Нагиб Савирис.

„Алпак капитал“ има канцеларии во Лисабон, Будимпешта и Дубаи.

Марио Давид беше пратеник во Европскиот парламент од 2009 до 2014 година и беше потпретседател на Европската народна партија.

На веб-страницата на унгарската Влада пишува дека Давид во моментов му обезбедува на Орбан бесплатни „експертски совети за Европската унија“, според договорот што трае до крајот на годинава.

Унгарските медиуми пишуваа и за фондот за претприемачки капитал од 20 милиони евра кој го покрена „Алпак капитал“ во 2017 година за поддршка на мали и средни претпријатија во Унгарија, Португалија и други земји.

Портпарол на „Алпак капитал“ изјави дека „секоја загриженост поради можно влијание врз уредувачката слобода на Еуроњуз е неоснована“.