И покрај фактот дека досега имавме неколку различни видови на коронавирусот кои доминираа и се ширеа меѓу населението, како што е британскиот, јужноафриканскиот, сега делта сојот – вакцините против коронавирусот се уште се исти.
„Вирусот од Вухан и делта сојот се сменија, но разликите не се големи. Разликата е во „шилец протеинот“, а тоа е она што нашите антитела го препознаваат кога сме вакцинирани, се промениле само во неколку амино киселини од илјада амино киселини кои го сочинуваат овој протеин. Антителата што се создаваат по вакцинацијата, кои ги препознаваат овие соеви, можат да го блокираат влезот во клетките на двата вида“, објасни вирусниот имунолог Лука Чичин-Шаин.
Тој додаде дека лабораториите ширум светот работат на измена на вакцината.
„Веќе се тестираат вакцини кои имаат „шилец“ на делта-сојот, наместо на вуханскиот“, вели Чичин-Шаин, кој исто така учествува во таквото истражување.
“Видовме дека кај нас функционира многу добро кај животните, да видиме долгорочна заштита, но се уште не сме тргнале да побараме од агенциите да почнеме да експериментираме врз луѓето. Но, другите сигурно веќе имаат клинички испитувања на луѓе. Реално е да се очекува дека новите формулации за вакцини ќе бидат на пазарот на крајот на оваа година или на почетокот на следната година“, посочи тој.
Тој рече дека нема да има една вакцина, туку повеќе видови.
„Некои од нив ќе инјектираат неколку варијанти на вирусот, како кај вакцините против грип“, спореди тој.