Бунтовниците што го соборија сирискиот режим прогласија општа амнестија за сите членови на сириските вооружени сили и сите регрути.
„Нивната безбедност е загарантирана и сите напади против нив се забранети“, објави Сојузот на бунтовниците на Телеграм.
Сојузот на бунтовнички групи, предводен од Хајат Тахрир ал-Шам, го собори режимот на Башар ал Асад во операција која траеше само 12 дена и заврши со падот на Дамаск во неделата.
Многу области паднаа во рацете на бунтовниците без борба.