Мерихуаната, кај луѓе со дијабетес тип 1, може да поттикне развој на компликации опасни по живот, откри новото американско истражување.
Во студијата биле анализирани 450 пациенти од Колорадо, каде марихуаната е легализирана за медицински и рекреативни цели. Околу 30 отсто од испитаниците консумирале канабис. Резултатите покажаа дека ризикот од развој на сериозни компликации познат како кетоацидоза, кај оние кои консумираат марихуана, бил два пати поголем од оние кои не го прават тоа.
Опасна компликација
Дијабетска кетоацидоза е сериозна компликација на дијабетесот, и често е опасна по живот. Се манифестира кога телото произведува големи количини киселина, кетон. Често е првиот знак за дијабетес, кој не бил дијагностициран. Тоа се случува кога телото веќе не може да произведе доволно инсулин, па како извор на енергија не користи обична гликоза, туку согорува складирани масти. Во овој процес нивото на шеќер во крвта се зголемува, а кетоните се излачуваат преку урината и со себе повлекуваат сол и вода поради што се јавува обилно и често мокрење, а со тоа можна е и дехидрација. Веќе е познато дека најчестите причини за кетоацидоза е нередовно земање инсулин, стрес, физичка траума, болести кои предизвикуваат зголемување на производството на хормони како адреналин, гладување и консумирање на дрога и алкохол. Обично се третира со интравенозно инјектирање на течности, со кои телото хидрира и добива електролити и инсулин, со што се регулира нивото на шеќер во крвта. Но, ако не се третира, може да предизвика тешка дехидратација, оток на мозокот, кома и смрт.
Опасно високо ниво на шеќер
Учесниците во студијата со дијабетес главно сите лошо ја контролирале нивната болест, што се покажало на тестовите за хемоглобинот A1c (HbA1c), кои го откриваат нивото на шеќер во последните три месеци. Познато е дека пациентите се советуваат да го одржуваат нивото на HbA1c под 6,5 проценти.
Но, студијата покажа дека оние кои конзумираат марихуана имале просечно ниво на HbA1c околу 8,4 отсто, што е многу опасно, бидејќи тоа може да предизвика срцев и мозочен удар, оштетување на бубрезите, слепило, ампутација и смрт.
Учесниците кои не консумираат марихуана имале просек на ниво од околу 7,6 отсто, што не е идеално, но сепак значително помалку опасно.
Експертите веруваат дека ќе треба да направа повеќе студии за евентуално да ја откријат причинско-последична врска на канабис со компликациите, но сметаат дека болните од дијабетес 1, треба да внимаваат, односно да се воздржуваат од консумирање на марихуана.