Образованието тоне, а Ковачевски го разорува со незаконски одлуки. Пиунот Ковачевски по принципот на неговиот наредбодавател Заев уште не седнат на премиерска фотелја грубо крши закони, именувајќи декани и продекани во партиските тела.Денес ќе презентираме нов случај на незаконско делување и именување на луѓе, најави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Ковачевски спротивно на законот во ИО на партијата, високо партиско тело, ја именува доц. д-р. Ана Данева Маркова, од Клиниката за гинекологија, којашто е продекан за специјализации и супспецијализации на Медицинскиот факултет при УКИМ.
Пиунот Ковачевски, на најгруб начин го крши Законот за високо образование, донесен од СДСМ во 2018 година, којшто е дециден дека „Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија“.
Ковачевски спротивно на законот, ги именува Ана Данева Маркова продекан од Медицинскиот факултет, како и Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, на високи партиски функции, како членови на Извршниот одбор на СДСМ.
Ова е грубо кршење на законот, и ова е целосно непочитување на законот и од пиунот Ковачевски, но и од двајца професори, декан и продекан на факултети, коишто спротивно на закон прифатиле високи партиски функции.
СДСМ за овој скандал молчи и бега од јавноста.
Очекуваме во најмала рака Ковачевски да ги изземе двајцата професори, декан и продекан, од ИО на СДСМ, но и професорите заради ваквото најгрубо кршење на законот, како морален чин, двајцата да се повлечат од функциите во високото образование.
СДСМ со пиунот Ковачевски не го напушта владеењето на Заев, за СДСМ не постојат закони, дури ниту оние што сами ги носат, а Македонија се подлабоко тоне во кризи и партизации.