Словенија пред нов бран од невремето кое веќе неколку дена беснее во земјата со обилни врнежи, силен ветер и град. Земјата се соочува со катаклизмични сцени поради надојдените води кои поплавија речиси две третини од територијата на земјата, а во некои региони носеа се пред себе, па дури и цели куќи.
Таква беше сликата во село Преваљ каде водата буквално проголта двоспратна куќа и од неа не остана ништо.
Во моментов црни облаци се надвиснати над Љубљана, а се очекуваат во подоцнежните часови невремето да го погоди југоистокот од земјата. Словенската агенција за животна средина прогласи портокалово предупредување за целата земја.
Ситуацијата е крајно критична, но е подобрена во споредба со петокот, гледате нашата куќа е урната, раскажува Милан Тасич, жител на погоденото место.
Три автомобили, моторите, се е под вода, се е под вода, вели друг жител на поплавеното населено место.
Утрово словенечките власти соопштија дека реката Мура го пробила заштитниот безбедносен насип поплавувајќи неколку села во регионот.
Но словенските медиуми подоцна известија дека успеале да се справат со новонастанатата ситуација и дека го запреле истекувањето на вода од насипот.
Според последните мерења реката го има вториот највисок водостој забележан во историјата, а нивото на водата расте и по нејзиното течение во Австрија.
Најновите информации говорат и дека селото Черна во Корушка повеќе не е отсечено, со помош на механизација оспособен е еден патен правец до областа.
Се понудив да помогнам, колку што гледам центарот е поплавен, исто и плоштадот, изјави едно воено лице кое помага во справување со поплавите на терен.
Ако се повлече водата до еденипол метар, мислам дека објектите нема да бидат во опасност. Добиваме информации дека следи ново невреме, вели Томаж Рожен противпожарна служба од локалната противпожарна служба.