Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Белата куќа на средба со Доналд Трамп, но американскиот претседател не излезе од кабинетот за лично да го поздрави Макрон на влезот во резиденцијата.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како црна лимузина со американски знамиња се приближува кон влезот во резиденцијата на Доналд Трамп.

Автомобилот застана и наместо Трамп, на влезот се појави офицерка која го придружуваше францускиот претседател до неговиот кабинет.

Макрон пристигна во САД за да се обиде да го убеди Трамп да ја вклучи ЕУ во преговорите за Украина.