Мало кафе со голема порака – ново скопско правило на солидарност и другарство.

Драги скопјани,

Во градот што го живееме со сите негови убавини и маани, време е да воведеме ново урбано правило кое ќе нè потсети на едно убаво, солидарно и другарско Скопје. Правилото едноставно гласи: ПОЧАСТИ БратСКО ESPRESSO!

FORZA реши да поттикне повеќе солидарност во секојдневието – преку едно мало кафе со огромно значење, преку БратСКО еспресо кое го плаќате за наредниот гостин со кого го делите овој град и времето во кое живееме, и кој на некој начин ни е “брат”. Братот може да биде машко или женско, познат или непознат… но тука е, ги мирисаме истите липи во пролет, го дишеме истиот загаден воздух во зима, со други зборови: сите имаме слични проблеми и се надеваме сите на многу заеднички радости!

Што е БратСКО?

Тоа е еспресо кое го добивате како симбол на поддршка и заедништво. Од денес, FORZA ве чести БратСКО, а вашата улога е едноставна – да ја продолжите низата! Почестете некого, споделете момент и внесете добрина во нечиј ден. Можеби и вие ќе бидете на страната што ќе добие БратСКО – и токму тоа ја прави оваа иницијатива толку посебна!

Како ти да почастиш БРАТСКО?

Доплати 66 денари за БратСКО ESPRESSO на твојата сметка во FORZA и разубави му го денот на некому!

Зошто БРАТСКО?

Во време кога сите брзаме и забораваме да одвоиме миг за вистинска поврзаност, ова е наш начин да потсетиме дека малите гестови создаваат најголеми приказни. БратСКО е повеќе од кафе – тоа е симбол на колегијалност, солидарност и добра волја.

Каде започнуваме?

FORZA и FORZA FUSION се местата каде што ја започнуваме оваа приказна. Ве покануваме да бидете дел од овој мал, но значаен бран на позитивна енергија. Веќе денес, на првото БратСКО, ќе започнеме нешто што би сакале долго да се прераскажува!

Затоа, нека одекне гестот, нека се шири енергијата – повелете во FORZA и почастете БратСКО!

Ви благодариме што сте дел од оваа приказна.

„ПОЧАСТИ ESPRESSO, ПОЧАСТИ БРАТСКО И РАЗУБАВИ МУ ГО НЕКОМУ ДЕНОТ!“