Социјалните мрежи се барометар за расположението на јавноста околу актуелните политички настани, како што е приведувањето на лица во охридско Волино поради тоа што го сакаат старото државно знаме на Република Македонија со Сонцето од Кутлеш.

Во таа смисла еве и една актуелна дефиниција за „патриотиизмот на актуелната власт“ и „криминалците“ кои си го сакаат знамето и идентитетот за кој премиерот Зоран Заев се колнеше во деца и во живо и мртво дека е забетониран засекогаш.

– Патриотизам е кога се колнеш во деца дека нема да менуваш устав. И после доаѓаш на власт и го менуваш името, ја бришеш нацијата и апсиш луѓе за веење на старото државно знаме, гласи дефиницијата на Игорче Развигорче од Твитер.

Оваа алузија во многу нешта упатува на „патриотизмот“ на Заев и неговите приврзаници.