Новородено бебе во Англија стана најмладиот жител на светот чиј тест на корона вирус е позитивен, пишува Дејли Меил.

Мајката на бебето била примена во болница пред неколку дена со пневмонија, а позитивниот резултат за корона вирус пристигнал по раѓањето на бебето.

Веднаш било тестирано и малечкото и резултатот исто така бил позитивен, јавил Сан.

Сега, мајката и бебето се во различни болници.

Лекарите се обидуваат да утврдат како бебето се заразило – додека се уште не било родено или откако било родено, односно во текот на раѓањето.

На персоналот кој бил во контакт со двете заразени лица им е советувано да се самоизолираат.

Што с еоднеува до мајката и бебето, лекарите сметаат дека тие ќе поминат со полесни симптоми.