Речиси 80 лица, меѓу кои и петмина членови на турскиот парламент, се примени во Парламентарната болница со поплаки од болки во стомакот, дијареја, повраќање и слабост, објави денес НТВ.

Сепак, властите негираа дека станува збор за епидемија или случај на труење, посочувајќи на големиот број луѓе кои јаделе во кафетеријата на парламентот во последните денови.

„Другиот ден во Парламентот јадеа девет и пол илјади луѓе. Бројот на луѓе кои се пожалија не достигна ниту 80. Се чини дека оваа ситуација не е директно поврзана со Парламентот“, се вели во соопштението на парламентот. Земени се примероци од сите оброци и вода што се служат во парламентарните ресторани и испратени се на анализа, објави Танјуг. Тимовите за јавно здравје, исто така, започнаа детална истрага на кампусот на Парламентот.