Музичарите и музичките работници преку Здружението за унапредување на правата на музичарите (ЗУПМ) „Музика сега“ побараа од Владата укинување на точките од протоколите со кои во угостителските објекти за исхрана и кафетерии е забрането организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи, музички групи, диџеи) и се ограничува максималното ниво на бучава во објектите на 55 децибели, соопшти Незнависната угостителска комора (НУК).

– Нивните барање кои се воедно и дел од укажувањата со барањата на НУК се во целост поддржани, како и нивното право доколку истите не бидат ислушани својот глас да го искажат и преку протест, нагласуваат од НУК.

Дополнителен проблем со новите протоколи за организирање на свадби, прослави и веселби, додаваат, е и точката 7 со која угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

– Наместо Владата побрзо да излезе во пресрет на укажувањата за недоследноста на промената на постојните протоколи за работа на угостителските објекти и новите протоколи за организирање на свадби, прослави и веселби ги доведува угостителите и организаторите на своите прославиво ситуација на постоење протоколи и понатаму да не можат да организираат свадби, прослави и веселби, се вели во соопштението од НУК.

Само во текот на вчерашниот ден, посочуваат, повеќе од десетина телефонски јавувања се однесувале за пријава на угостителски објект согласно член 7 односно за регистрација и пријава на прослава во т.н. Регистар кој го води Угостителската комора.

– Со оглед дека ниедна комора во моментов не го води овој регистар на свадби, прослави и останати веселби ниту има овластување и обврска да го води, угостителите немаат можност и начин да организираат прослава во својот угостителски објект согласно новите протоколи без истите да бидат прекршени со што се доведуваат во стартот да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од државниот пазарен инспекторат за непочитување на овие протоколи, наведуваат од НУК.

На овој начин, посочуваат, угостителите и организатори на прослави се доведени во заблуда да и покрај постоење на посебни протоколи за организација на свадби, прослави и веселби истите и понатаму не можат да се реализираат и одржат.

– Затоа Владата има за обврска и одговорност итно да ги промени проблематичните точки од протоколите на кои укажавме веднаш по нивното донесување со цел да се овозможи на угостителските објекти да работат законски согласно препораките и протоколите за заштита и спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, велат од НУК.