Имаме уште 50 денови да направиме евалуација на понудата и потоа, кон почетокот на ноември ќе утврдиме дали е се во ред и ќе преминеме кон потпишување на договорот за Чебрен, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, осврнувајќи се на проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен.
– Чебрен е еден од наважните инфраструктурни проекти што го имаме во државата. Сакаме да инвестираме во обновливи извори во државата, не без Чебрен, која ќе биде батеријата на државата, тоа ќе биде тешко, истакна Нуредини.
Како што неодамна објавивме грчка компанија е кандидат за изградба на Чебрен.