Старо-новиот министер за животна средина Насер Нуредини денеска на прес конференција ги презентираше новите проекти и приоритете на неговиот ресор и тоа на албански јазик.
На новинарско прашање, збунето рече дека го знае македонскиот јазик, но не би било лошо и новинарите да го научат албанскиот, како што тој го учи македонскиот.
Нуредини истакна дека разбира што го прашуваат новинарите, но не сака да се обраќа на македонски, пренесува Република.
„Ве разбирам многу добро. Можам да се изразувам многу добро ако сакате да знаете. Се научив полека, нормално“, рече министерот.
Тој веќе една година и три месеци е министер.