Со употребата на јагленот сакаме да завршиме најдоцна до 2030 година. Имаме климатска стратегија во нашата држава и ние сме спремни таа стратегија да ја спроведеме. Нашата иднина е обновлив извор на енергетика. Стратегијата на енергетиката е да се усогласиме сите во нашата држава околу овој проблем, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска во „Утрински брифинг“.

Тој нагласи дека зелената агенда е агенда на ЕУ и, како што додаде, ние како Влада се согласивме со тоа, да направиме транзиција од јаглен и да направиме стратегија преку кој би инвестирале во обновливи извори, ветерни и соларни паркови за кои има заинтересирани и странски инвеститори.

– Кога говориме за мали хидроцентрали треба да информира дека тоа се одлуки од претходното време. Јас разбира за грижата на локалното население, но идејата е да се најде решение, посочи Нуредини.

Тој потенцираше дека Чебрен е најважната инвестиција во нашата држава, што би ја балансирало нашата мрежа.

Осврнувајќи се на депониите, министерот за животна средина и просторно планирање наведе дека новите депонии треба да се во согласност со меѓунардните стандарди. На тој начин, како што посочи тој, ќе се намали загрозување на животот на луѓето.

– Имаме само една депонија со меѓународни стандарди и имаме финанскиска можност преку ЕУ и сме во заем со ЕБОР. Во меѓувреме имаме 6 закони за циркуларна економија на отпад. Ќе има контејнери за стакло, хартија и пластика. Отпадот има вредност бидејќи може да се рециклира. Тоа е таа циркуларна стратегија. Мора да сме транспаретни и ние нема да се согласиме да се изгради дива депонија. Сакаме да се усогласиме со нула отпад. Ние ќе изградиме депонии со меѓународен стандард без штета врз животот на граѓаните. Во Новаци, во близина на Битола, Русино ќе бидат со меѓународни стандарди, додаде Нуредини.