Во рамките на учеството на климатскиот самит COP 27 во Египет, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги УНОПС, Јенс Вандел.

На состанокот, како што соопшти МЖСПП, се дискутирало за интензивирање и проширување на соработката со УНОПС (во рамките на нивниот мандат) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки.

Министерот Нуредини се заблагодарил за досегашната соработка во спроведување на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС и упати барање активностите да се прошират и на други подрачја од ризик за човековото здравје и животната средина, преку преглед и надополнување на постоечката докуентација и изработка на изведбени проекти.

-Взаемно беше потврдено дека УНОПС може да помогне и во имплементацијата на други проекти од интерес на Министертството и државта преку користење на нивните единици за набавки и управување со проектен циклус, се наведува во соопштението од МЖСПП.