Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.
Од МВР информираат дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.
На лице место е и јавен обвинител.
Според неофицијални информации, во возилото бил постар брачен пар, еден од нивните синови и снаата.
Петтиот сопатник, 4-годишно дете, било пронајдено од случајни минувачи и со нивна помош е пренесено во болницата 8 Септември во Скопје.
Полицијата и нуркачите веќе се на терен и трагаат по четирите лица кои се уште се водат како исчезнати.
– На 02.01.2025 во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител. Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР.