Службата за истрага на воздухопловните несреќи на Велика Британија дојде до телото на еден човек од авион со кој леташе фудбалерот Емилијано Сала. Тие се обидуваат телото да го извадат на површината, објави „Скај Спорт“.
Сè уште не е познато чие тело е пронајдено во остатоците на авионот, на фудбалерот или пилот Дејвид Иботсон.
За потсетување, приватниот авион кој исчезна од радарските екрани вечерта на 21 јануари беше пронајден за време на приватна операција за пребарување на дното на англискиот канал, а пребарувачите пронајдоа едно тело кое треба да се идентификува откако ќе се извади од водата.
Дваесет и осумгодишниот Сала направи трансфер од Нант во Кардиф на 19 јануари, но не успеа да одигра ниту еден натпревар за велшкиот клуб.