Обединетите Арапски Емирати го помилуваа Британецот Метју Хеџис, кој беше осуден на доживотна робија, поради шпионирање.
Тој е ослободен откако на новинарите им беше прикажана видео снимка на која практично признава дека е агент на британската разузнавачка служба Ми-6.
Властите денеска ја објавија одлуката за ослободување на конференцијата за новинарите во Абу Даби, наведувајќи дека претседателот на ОАЕ Халифа бин Заед ај Нахјам го помилувал вчера.
На Хеџис, како што се наведува, ќе му биде дозволено да ја напушти државата кога ќе бидат готови процедурите за негово ослободување.
На денешната конференција беше прикажана видео снимка на која 31-годишниот Хаџис, на едно од сослушувањата во судот, вели дека е агент на Ми-6.
Тој, како што е наведено, на Универзитетот во Дурам бил на докторски студии.
На медиумите не им беше дозволено да го снимаат прикажаниот видео материјал, наведува агенцијата и потсетува дека властите покажале снимка поради големиот притисок на меѓународната заедница во изминатите денови поради изречената казна доживотен затвор.
Неколку дена пред ослободувањето на Хеџис, средба (на фотографијата) во ОАЕ имаа британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант и бин Заед.