По страшната вест дека 14 тела на загинати се извлечени од под урнатините на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, граѓаните на Нови Сад се собраа на местото на смртта на своите сограѓани, како и на Плоштадот Слобода да запалат свеќи за загинатите, а се солидаризираа и белграѓани, објави Телеграф.
Граѓаните на главниот град им оддаваат почит на жртвите од Нови Сад на мостот на Сава.
Додека цела Србија е обединета во болка поради трагедијата што се случи, на тоа место се собираат голем број граѓани, а нивните лица одразуваат шок и неверување.
View this post on Instagram
Од првите информации за загинатите до последните пристигнати, бројот на загинати е двојно зголемен. Прво што беше објавено е дека под урнатините се извлечени осум тела, а според досегашните информации загинале 14 лица. Се уште се работи на расчистување на урнатините и се стравува дека има уште повеќе жртви.
Вишото јавно обвинителство соопшти дека се идентификувани две починати лица од женски пол, како и пет лица од машки пол.
Во Клиничкиот центар во Војводина поради повреди се примени три лица, две жени и еден маж, а нивниот идентитет се уште не е утврден.
Во Нови Сад е прогласена тридневна жалост, додека 2 ноември во цела Србија е прогласен за ден на жалост.